Од денес до 12ти мај, Охрид ќе биде домаќин на Меѓународната конференција „Безбедносен инженеринг во функција на подобрување на условите за работа”.
Основната цел на меѓународната конференција, е преку размена на теоретски и практични искуства да се утврдат насоките на идните истражувања и развој во областа на безбедност и здравје при работа.
На конференцијата ќе учествуваат стручни лица и експерти од научно – образовните и надлежните државни институции од Македонија, од областа на индустријата, како и еминентни стручни лица од Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Србија, Австралија.
Конференцијата е во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Здружението за безбедност при работа „28 – ми Април“ и Машинскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а се одржува под покровителство на министерствата за труд и социјална политика и министерството за здравство.











