Во рамките на иницијативата за воспоставување на Прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа, од 4 до 8 март, во хотелот Милениум Палас во Охрид,  ќе биде одржана петтдневна работилница со засегнатите субјекти од регионот. Учесниците ќе бидат информирани со идејата за воспоставување на прекуграничен биосферен резерват , а ќе се разговара и за : заштитата на животната средина; валоризација на локалните производи, туризам , образование и наука .

Организатор на работилницата е Секретаријатот на комитетот за управување со сливот на Охридското Езеро, со поддршка од Министерство за животна средина, шумарство и водостопанство на Република Албанија, преку проектот „Прекуграничен биосферен резерват Преспа – Поддршка на Национален парк Преспа во Албанија“, и Националните комисии за УНЕСКО.

OhridNews