Снимањето на филмот „Трето полувреме“ по сценарио и режија на Дарко Митревски ќе започне на 10 септември во Охрид. Снимањето ќе се одвива на локации во Охрид, Битола и Скопје и ќе трае седум недели.


Сценариото во филмот е базирано на вистинска љубовна приказна што се случила во 40-тите години на 20-иот век, а ја следи и тематиката на прогонот на околу 7.200 Евреи од Македонија во германските концентрациони логори за време на Втората светска војна.

-Историски филмови со епска приказна не се снимаат често на Балканот. Тоа е едната димензија на филмот. Од друга страна, градиме филмски споменик на сите прогонети Евреи од Македонија“, објасни режисерот Дарко Митревски.

Филмот се снима во продукција на „Кино око“. Копродуценти се „И/О Пост“ и „Барандов саунд студио“ од Прага, Чешка.

“извор Макфакс“
Ohridnews