Под покровителство на НВО УФУК, во утре до 15 јуни, во Охрид ќе се оддржи 8- та Конференција на Меѓународната Евроазиска Унија на Синдикати за Образование. Унијата важи за најголема образовна унија во која членуваат синдикати и невладини организации од Турција, Азербејџан, Турска Република Северен Кипар, Киргизистан, Казакстан, Косово и Македонија. Вкупниот број на членови на унијата е околу 3 милиони. Основна цел на унијата е унапредување на односите помеѓу членките, подобрување на образовните процеси, заштита на работничките права на вработените во образовниот сектор.
Делегациите за време на престојот освен своите равотни активности, ќе остварат и протоколарни средби. При тоа ќе биде потпишан договор за соработка со ФОН Универзитетот, а учесниците ќе имаат можност да ги посетат културно-историските споменици.
Конференцијата има многу важен карактер во турскиот свет и е одлична прилика да се промовира Македонија во еден огромен географски простор. Да се биде домаќин на оваа конференција истовремено значи и дека ја имаме поддршката од сите земји членки на унијата, велат од НВО УФУК .
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com