Во текот на втората недела од 2026 година (05.01-11.01.2026), во Македонија се пријавени 2.322 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 34,6% повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со втората недела од минатата сезона е зголемен за 2,2 пати. Во текот на втората недела, пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност.


Во пет ЦЈЗ/ПЕ, меѓу нив Дебар, Охрид, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино, се бележи многу висока активност, во четири како Велес, Тетово, Куманово и Штип – висока активност, средна активност се регистрира во шест ЦЈЗ/ПЕ, во седум се бележи сезонска активност, додека во три единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип, посочуваат од Институтот за јавно здравје.

Засега сме во една средна активност што не дава можност да даваме претерени мерки како продолжување на зимскиот распуст. Ја следиме состојбата и ако има било какава промена ќе дадеме соодветни мерки. Пикот се очекува на крајот на јануари и до средината на февруари, вели Кочински.
Н.С.Ј.











