Охрид е еден од приоритетните градови во кои на почетокот од јули ќе се прска против комарци.

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт и врски, првото прскање во Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново-Облешево ќе биде спроведено во во јули, а дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 6.000 хектари по воздушен и земен пат.

Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, поради зачестените климатски промени и топлотните бранови кои ја зафатија Република Македонија утврдија шест приоритетни локации за прскање против возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) и терестрична апликација на средство за уништување на ларви од комарци на стоечки водени површини (ларвицидна дезинсекција). Локациите се утврдени според нивото на посетеност за време туристичката сезона, и тоа – Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново-Облешево.“ – стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Од ресорното министерство посочуваат дека започната е постапка за набавка на улсуги за уништување на возрасни комарци по чиешто завршување, Министерството за транспорт и врски ќе склучи договор со економски оператор со најповолна понуда за извршување на услугите.

Претходно од Центарот за јавно здравје Охрид, истакнаа дека со цел превентивно делување во заштитата на здравјето на граѓаните, ќе се врши и дератизација на канализационите одводи.

OhridNews