Во текот на изминатиот викенд во периодот од 23  до 5 часот, на подрачјето на Република Македонија, беше спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

Со акцијата во која беа контролирани вкупно 1.551 возач, најмногу биле опфатени возачи на подрачјето на  Скопје-110, потоа по 105 на подрачјата на Охрид, Струга-84, а помал број во останатите градови низ земјава.

Над 865 возачи е употребен алкотест при што било утврдено дека 142 возачи, односно 16,4 % од алкотестираните возачи, со возилата управувале под дејство на алкохол.

Најмногу возачи кои биле под дејство на алкохол се откриени на подрачјето на  Скопје, Штип, Битола, Велес и Кочани и Кавадарци. На подрачјето на општина Охрид биле откриени само четворица возачи коои го управувале возилото под дејство на алкохол.

За сторените прекршоци на  возачите им се издадени налози за наплата на глоба и  против  истите ќе бидат поднесени барања за поведување на прекршочна постапка до надлежните судови  за изрекување на заштитна мерка „забрана за управување со возило“. Возачите под дејство на алкохол се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи.

OhridNews