Најниска температура утрово беше измерена во Лазарополе и Маврови Анови -1 степен, во Крушево 0 степени, во Берово, Крива Паланка и Претор два степени, во Прилеп, Битола, Охрид и Тетово четири, во Виница пет, во Струмица, Куманово и Штип шест, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец седум, во Демир Капија и Гевгелија осум степени.

Најмно дожд наврна во Пожаране 26 л/м2, во Претор 16, во Тетово 15, во Маврови Анови 14, во Охрид и Крушево 13, во Скопје Зајчев Рид 12, во Скопје Петровец 11, во Битола и Виница 10, во Крива Паланка девет, во Тополчани осум, во Струмица седум, во Штип, Ѓуриште и Лазарополе шест, во Куманово, Гевгелија и Берово пет, во Прилеп и Демир Капија четири и во Дојран два степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 24 сантиметри, четири во Маврови Анови и два во Крушево.

Времето денеска, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

OhridNews