Во текот на изминатото деноноќие во Охрид наврнале 17 литри дожд на метар квадратен. Најмногу дожд 47 литри на метар квадратен наврнале во местото Пожар, а во Берово 31.

Утрово во Охрид измерени се 14 степени,  информира УХМР.

Денеска времето во Охрид ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен,  наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 26 степени.

Г.М.