Во изминативе 24 часа до 8 часот утрово во Охрид наврнале 20 литри дожд на метар квадратен информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најмногу дожд наврна во Пожар 29 л/м2, 27 во Струмица, 26 во Демир Капија, 25 во Попова Шапка, 24 во Пожаране, 22 во Прилеп и Виница, 21 во Штип и 20 во Крушево.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, велат од УХМР.
Минималните температури утрово најниски се измерени на Попова Шапка 9 степени, додека највисоки 18 степени во Демир Капија и Гевгелија. Во Охрид измерени 15 степени.
OhridNews