И во второто тримесечје од 2026 година природниот прираст во Охрид е негативен и изнесува -51. Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на живородените деца во овој период е 101, додека бројот на умрени изнесува 152 лица. Во ова тримесечје се склучени 94 бракови, а регистрирани се и 12 разведени бракови.

Во Струга во второто тримесечје природниот прираст е позитивиен и изнесува 20. Бројот на живородени деца е 112, а починале 92 лица. Во ова тримесечје во Струга склучени се 82 бракови, а разведени се 21.
На ниво на држава, природниот прираст е негативен и изнесува -1 005, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во ова тримесечје од годината се склучени 2 732 бракови и нивниот број е намален за 2.2 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се и 406 разведени бракови.
Н.С.Ј.
извор. ДЗС










