Денеска не очекува сончево и потопло време, со слаб ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 28 степени Целзиусови.

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност не очекува и утре. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец а во вечерните часови го менува правецот во западен и северозападен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews