Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 897 случаи на КОВИД-19 од направени се 1.828 тестови, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (897), реинфекции се 215. Во моментов во Охрид активни се 222 случаи.
Регистрирани сe 638 оздравени пациенти од: Скопје – 296,Охрид – 63, Битола – 45, Кавадарци – 34, Велес и Тетово – по 25, Струга – 21, Струмица – 19, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 13, Неготино – 12, Кичево – 10, Гевгелија – 7, Радовиш – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 4, Куманово и Делчево – по 2, Дебар, Валандово, Кратово, Виница и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Скопје (80г и 83г) двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
OhridNews











