Локалното Здружение „Луњина“ синоќа одржа трибина по повод Националниот Ден на Власите 23 Мај, на која присуствуваа поголем дел припадници на влашката заедница од Охрид од различни генерации.
Претседателот на Здружението, Драги Коровешоски, истакна дека голема придобивка е тоа што Власите можат да го прослават својот ден и што се уште можат да го чуваат својот фолклор, јазик и други културни обележја.
Тој најави дека до локалните влласти, ќе достави програма и предлог за добивање на просторија за седиште на задружението, која би се користела и како библиотека и како можност за изучување на влашкиот јазик.
Пред присутните, Јордан Трца говореше за значењето на „Ирадето“, со кое во 1905 година е извршено признавањто на влашкиот народ како посебен и за последиците од таа одлука во рамките на Отоманската Империја. Тој посочи и на имињата на голем број Власи, кои учествувале и учествуваат во политичкиот, културниот и економскиот живот во балканските држави, односно во Македонија.
Трибината ја поздрави и Дејан Пановски, претседател на Комисијата за одбележување на празници и манифестации при Советот на општина Охрид. Тој рече дека Власите биле и треба да се дел од просперитеот на Охрид во секоја од порите на општеството и дека и сега во Советот има двајца декларирани Власи, советниците Јоне Станкоски и Дејан Пановски.
Охрид летово пулсира во ритамот на културата Деновиве во спомен куќата на великанот и револуциуонер Христо Узунов, се одржа книжевен портрет на Зоран Пејковски и промоција на книгата „Се умира ли о...
На Долни сарај синоќа се одржа Охридски вински салон „Над Езерото“ (Above the Lake 2025) – манифестација која ја промовира винската култура Настанот што го организира ресторанот „Канео“ годинава пр...
И викендов полицијата во Охридско-струшкиот регион има полни раце работа Во полицискиот билтен предничат настани со насилство, физички напади, дрога и непочитување на службени лица при постапување ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.