Масовно и со спортски активности, лицата со телесен инвалидитет “Мобилност” од Охрид, го одбележаа Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември.
Пред присутните членови на “Мобилност”, гости- претставници на други здруженија и невладини организации и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, зборуваше претседателот на општинското здружение Венко Голабоски.
Голабоски кој потенцираше дека во нивните редови има не само лица со посебни потреби, туку и такви што имаат посебни способности,при што посебно ја нагласи сликарката од Струмица, Розе Мојсоска, претставувајќи го нејзиното уметничко дело – подарок за општинската организација во Охрид. На поединци и асоцијации кои даваат посебен придонес во работата на ова здружение им беа поделени дипломи и благодарници.
Се одржаа и спортски натпревари во дисциплините шах, пинг-понг,пикадо, стрелаштво и табла.
Лицата со телесен инвалидитет “Мобилност”, се дел од Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија, во кој членуваат Сојузот на слепи, Сојузот на глуви и наглуви, Сојузот на телесно инвалидизираните лица, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, Сојузот на инвалиди од војната, Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите и Сојузот на инвалиди на трудот на Република Македонија.
3-ти Декември, Светскиот ден на лицата со хендикеп, го одбележа и Здружението на инвалиди на трудот од Охрид и Дебрца. По тој повод честитка до членството упати претседателот на здружението Климе Димоски и членовите на претседателството.
OhridNews













