Темата на конференцијата, на која што присуствуваа претставници од Бугарија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Македонија беше посветена на “методологиите за докажување на корупцијата и соработката на службите за внатрешна контрола од регионот за нејзино спречување”.
На конференцијата беа презентирани искуства и најдобри парктики од областа на сузбивањето на корупцијата во полицијата, пред се од аспект на превземањето на истражни мерки и дејствија за докажување на кривичните дела од областа на корупцијата, а беа дадени лични видувања за натамошните активности со цел јакнење на капацитетите на службите за внатрешна контрола и унапредување на заедничката соработка на службите од регионот. Исто така беше презентиран и легиславниот и практичен аспект во користење на доказите обезбедени на странска територија во кривичната постапка со примери на случаи од пракса, соопшти МВР.