Интересот на охриѓани за вакцинацијата против сезонски грип , што почна да се врши пред две недели, е голем, информираат од Центарот за јавно здравје.

Од вкупно набавените 2500 вакцини, неискористени се уште околу 300.

Ако интересот и понатаму е голем како и досега и вакцините продолжат да се трошат со ваков интензитет планираме да набавиме уште, околу 30% од првично набавениот број вакцини, вели директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов.

Вакцинацијата пртотив трите видови грип- А, Б и Ц се врши во центарот секој работен ден  од 8.30 до 15 часот, а цената на една вакцина е 400 денари.

Препораките на надлежните е населението навреме да се вакцинира бидејќи се потребни две недели минимум за создавање имунитет и отпорност на организмот. Вакцината против грип, се  препорачува за ризичните групи граѓани- постарите лица со хронични заболувања, помалите лица со намален имунитет и хронични заболувања, како и за лицата кои во текот на својата работа се изложени на заразување како здравствените работници и други струки – полиција, теренски работници, пошта, комуникации итн.

Т.К.