-Би сакал да ви порачам дека апсолутно сметаме на вас, и јас како претседател ќе сторам сè да помогнам да стекнете дополнителни знаења и вештини и да бидете подготвени за предизвиците што претстојат во иднина, рече во поздравното обраќање претседателот Иванов.
Школата за млади лидери во Охрид, што се одржува во хотелот „Климетица“ ќе ја посетуваат 37 млади луѓе од целата земја, а нивната обука ќе трае до 31 август.
Школата која за прв пат беше организирана во 2010 година, е наменета за млади луѓе со завршено високо образование, кои имаат желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети, и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.
Програмата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.
Реализацијата на школата е во целост поддржана од приватниот сектор преку донации.
фото: Емилио