Утрово Охрид осамна под снежна покривка, која според мерењата на УХМР изнесува 8 сантиметри. Исто толку снег наврнало и во Претор, а во Крушево снежната покривка изнесува 6 сантиметри. Најмногу снег утрово наврнало во Лазарополе – 17 сантиметри.

До крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 6 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

OhridNews