По една година апстиненција во Охрид од 21 до 29 јули во повторно ќе се одржи турнирот во одбојка на плажа.

Натпреварите ќе се одиграат на “Бафало плажата “ веднаш после мостот кај езерската полициска станица во Охрид.

Традиционално ќе се игра во четири категории и тоа во машка и женска конкуренција и тоа

рекреативци (љубители на одбојка, аматери и спортисти), компании (вработени или подржани од компании), Професионалци Јуниори (професионални одбојкари до 20 години), Професионалци Сениори (професионални одбојкари).

Одбојкарите ќе се натпреваруваат за пехари, медали, сертификат и награден фонд и
стокови награди од спонзорите и организаторот.

М.П.