На почетокот од идниот месец, Центарот за јавно здравје повторно ќе изврши земјено прскање против комарци на територијата на општина Охрид.
„Следно прскање ќе биде на почетокот од месец јули, после запрашувањето со авион кое е најавено од министерството за здравство.“ – велат од Центарот за јавно здравје Охрид.
Инаку, на крајот од минатиот и почетокот на овој месец, успешно се изврши земјено запрашување против комарци на специфични места во општина Охрид.
OhridNews