
Отворените предавања се дел од третата активност на проектот „Зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион“.
Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Република Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.
Целта на проектот е да се утврди и зголеми користењето на обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност во прекуграничниот регион, особено во југозападниот регион на Република Македонија и регионот Корча во Албанија.
OhridNews











