Делегацијата на Европската унија во Македонија , во соработка со Општина Охрид , во среда, 22- ри февруари, во големата сала на општината, со почеток во 12 часот , организира презентација на  Извештајот за напредокот на Европската комисија за 2011 година.

На презентацијата воведни обраќања ќе имаат градоначалникот Александар Петрески и вршителот на должноста- шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија Роберт Лидел, по што ќе следи и расправа.

Презентацијата е дел од активностите на Инфо- центарот на Делегацијата  на ЕУ, а на неа се поканети претставници на охридската локална самоуправа, невладините организации, јавните претпријатија и установи и претставници на бизнис заедницата.

OhridNews