Во Охрид во тек е дводневната конференција е-Демократија, која се одржува организација на Некстсенс, заедно со Центарот за развој на е-Влада од Љубљана, Словенија. Конференцијата чија што тема е ИКТ, ДВИГАТЕЛ НА ДЕМОКРАТИJАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ја разгледува улогата на информатичката технологија во јакнењето на демократијата и транспарентноста на јавните институции.

На денешните панел сесии се зборуваше за Социјалните медиуми како нови и иновативни алатки за зголемување на учеството на граѓаните во работата на Парламентот, Владата и останатите јавни институции и Употребата на нови технологии за мониторирање на транспарентноста на јавните институции. Дел од конференцијата со свое обраќање се претставија и Заменик-претседателот на Собранието на Република Македонија, Јани Макрадули и пратеникот Павле Саздов.

Конференцијата за е-Демократија веќе трета година по ред добива огромна поддршка од страна на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија. Оваа година во име на Европската Унија на присутните гости на конференцијата преку видео линк ќе им се обрати евро пратеникот и известувач на Европскиот парламент за Република Македонија, Ричард Ховит.

OhridNews