Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) денеска во Охрид организира работилница „Медиумите и осигурувањето“, на која новинарите и медиумите поблиску ќе се информираат за најновите движења и предизвици во делот на пазарот на осигурувањето во Република Македонија.
На работилницата, на која учествуваат претставници од 15 електронски и печатени медиуми, ќе се обработуваат повеќе теми, како запознавање на медиумите со основната мисија на АСО, со пазарот на осигурување во Македонија, постоечката законска регулатива од областа на осигурувањето, како и со актуелните предизивици од областа на осигурувањето.
Инаку, претседателот на Советот на експерти на АСО, Климе Попоски, појасни дека пазарот на осигурување во Република Македонија последите години бележи позитивна стапка на растеж, како во делот на неживотното осигурување, така и во делот на осигурувањето на живот.
OhridNews