Во рамки на проектот за локална и регионална конкурентнос, поддржан од ЕУ, на 23-ти јануари во Охрид ќе се организира работилница пред објавувањето на вториот повик за доделување на подгрантови за поддршка и развој на туризмот во сите 10 дестинации низ Република Македонија.
Целта на работилницата е клучните чинители во дестинацијата да се запознаат со концептот, методите и бенефитите од управување со дестинации, а потенцијалните апликанти подетално да се запознаат со специфичните развојни планови изработени од експерти на Светска Банка, кои што ќе бидат основа за доделување на подгрантови во вториот повик за грантови на проектот за „Локална и регионална конкурентност“, да се унапреди јавно-приватниот дијалог како и да се утврдат мисијата и визијата за секоја дестинација.
Работилницата за заинтересираните апликанти од Охрид, Струга, Преспа и околината, ќе се одржи во хотелот Милениум на 23-ти јануари, вторник со почеток во 9.15 часот.
OhridNews












