Охрид од денска е домаќин на втората Меѓународна конференција тематски посветена на “Националните стратегии за борба против трговијата со дрога-намалување на снабдувањето со дрога“.

На конференцијата што ја организираат Министерството за внатрешни работи и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ), најавено е учество на полициски функционери и експерти на министерствата за внатрешни работи од повеќе земји од регионот и пошироко, како и претставници на повеќе меѓународни организации (Интерпол, СЕКИ, ДЦАФ, и други).

Во рамки на дводневната Конференцијата, експертите во повеќе пленарни работни сесии ќе разменат искуства не само од аспект на националните програми активности во спречувањето на нелегалната трговија со дрога, туку и од аспект на меѓународна соработка, информираат од МВР. 

OhridNews