Во текот на четвртата недела од 2026 година (19.01-25.01.2026), во Македонија се пријавени 1.708 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 17,2% помалку во споредба со претходната недела, инфрмираат од Институтот за јавно здравје.

Заболените лица се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 526, Струмица – 178, Охрид – 113, Прилеп – 111, Куманово – 102, Тетово – 84, Штип – 78, Кавадарци – 77, Дебар – 67, Битола – 55, Гевгелија – 54, Велес – 42, Радовиш – 32, а во Гостивар, Свети Николе, Кратово, Неготино, Струга, Кочани, Виница, Македонски Брод, Крушево, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Кичево, Крива Паланка и Пехчево, бројот на заболени е помал од 30,  Во две ЦЈЗ/ПЕ (Дебар, Кратово) се бележи многу висока активност, во три (Охрид, Кавадарци, Струмица) – висока активност, средна активност се регистрира во девет ЦЈЗ/ПЕ, во 12 се бележи сезонска активност, додека во две единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип, посочуваат.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со четвртата недела од минатата сезона е намален за 9,1%, a пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.029 лица се на возраст од 15-64 години, 253 се лица на возраст над 65 години, 243 се деца на возраст од 5-14 години и 183 – деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (189,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во текот на четвртата недела од 2026 година, нема пријавено починато лице асоцирано со грип.

OhridNews