9 санкционирани возачи поради надминување на дозволената брзина на движење.
На 15.10.2021 година од 15 до 19 часот, при извршена сообраќајна контрола, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, регистрираа и санкционираа 9 возачи на моторни возила кои извршиле пречекорување на дозволената брзина на движење, од нив 3 возачи ја надминале дозволената брзина надвор од населено место и 6 возеле побрзо од дозволената брзина во населено место, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Викендов, сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани а целта е подобрување на сообраќајната безбедност и доследно почитување на сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација и останатите сообраќајни правила и прописи.
OhridNews












