Факултетот за туризам и угостителство Охрид беше домаќин на 18. Меѓународна научна конференција за услужниот сектор – INSCOSES 2026.

Конференцијата обедини истражувачи и професори од повеќе земји, со научни трудови од областа на туризмот, угостителството, економијата, меѓународната трговија, логистиката, финансиите, осигурувањето и дигиталната трансформација.

Посебен дел од програмата беше пленарното предавање на проф. д-р Jean Vasile Andrei, на тема „When Energy Meets Tourism: A Twin Transition Perspective on Sustainable Transformation“.

Во рамките на конференцијата се одржа и тематска сесија посветена на примената на предиктивната аналитика и вештачката интелигенција за унапредување на туризмот во Северна Македонија, на која беа презентирани резултатите од успешно реализиран проект поддржан од Министерството за образование и наука.

OhridNews