По повод големиот христијански празник „Боголавление-Водици“ вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа хуманитарен концерт на роднокрајните фолклорни ансамбли.
На фолклорната вечер, која ја организираше Локалната самоуправа, настапија културно-уметничките друштва „Ѓердан“, „Отекс фолк“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Илинден“ и „Филиграни“.
Општинската организација на Црвен Крст од Охрид, пред влезот на Центарот за култура имаше поставено кутии во кои посетителите можеа да оставаат парични донации. Собраните средства ќе бидат употребени за хуманитарна помош на социјално ранливите категории граѓани.
OhridNews















