Претставници на Одделението за образование на Локалната самоуправа и основните и средните училишта од Охрид, беа дел од работилницата за меѓуетничка интеграција во образованието која денеска во организација на УСАИД, се одржа во Охрид. Работилницата била предводена од координаторот Тула Тахири кој ги презентирала новините од проектот.

-Општина Охрид, како една од десетте општини во кои се имплементира проектот има прецизно утврдени обврски, како што се учество на обуки и работни состаноци, следење на изработените акциони планови, координирање и поддршка на  училиштата, како и анализа на преземените активности. На работилницата стана збор за досегашните резултати од спроведувањето на активностите во училиштата, за воннаставните активности со партнер училишта, примена на успешни практики и за наредните активности, информираат од општина Охрид.

Оттаму додаваат дека како пример за успешна реализација на проектот билo посочено модел-училиштето „Братство- Единство“ од Охрид.

OhridNews