Во одморалиштето „Далјан“ во Охрид, викендов се одржаа традиционалните Републички спортски натпрвари на Националниот сојуз на здруженијата на инвалидите на трудот на РС Македонија.

Овие натпревари се најмасовни и покрај осуството на поодалечените градови од Републикава. Целта е да се запознаеме, дружиме и активно да спортуваме за поубав и здрав живот, рече во поздравното обраќање претседателот Палоши.
Се заложи за подобрување на стандардот на оваа категорија на пензионери, кои се со речиси најниски пензии во сооднос со животниот стандард. Тој ја спомна и соработката со Сојузите на инвалидите на трудот што јаимаат, со Република Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Словенија.
Нашиот сојуз брои 35 здруженија на инвалиди на трудот во Републикава, рече Палоши.
На натпреварите настапија 160 спортисти од Охрид, Струга, Ресен, Дебар, Кичево, Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Куманово, Свети Николе, Пробиштип, Штип и Радовиш. Спортистите се натпреваруваа во стандардите 12 дисциплини. Претходно регионалните натпревари се оржаа во Радовиш, и Сарај.

Претседателот на Националниот сојуз на здруженијата на инвалидите на трудот Џеват Палоши на сите екипи учесници им врачи признанија, а на најдобрите спортисти дипломи и пехари.
Спортските натпревари завршија со заедничко дружење и песни и игри.
OhridNews










