Охридската филијала на “Академија Пандев“ ќе започне со обука и посебен тренинг на млади голмани. Голманската школа во филијалата ќе ја води Цветкоски Миле, лицененциран тренер од ФФМ за ваков тип на обука.


Школата е отворена за сите возрасти на деца почнувајќи од најмладите родени 2002 година. Сите заинтересирани млади голмани ќе може да се зачленат во школата од понеделник 25 јуни, на спортските терени кај хотелот “Инекс Горица.“ Тренинзите започнуват од 18 часот.