На плоштадот во Охрид, во саботата попладне, под мотото „Македонија во ЕУ и НАТО“, се одржа прослава по повод добивањето на покана за пристапни преговори на нашата земја во северноатлантската алијанса.

На прославата, што во организација на Владата, покрај во Охрид се одржа во петнаесет градови низ земјата, меѓу граѓаните присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Оштина Охрид Јован Стојаноски, државни и локални функционери, пратеници и членови на градскиот совет од владејачката коалиција.

Иако беше најавен, на прославата не настапи пејачот Влатко Лозаноски – Лозано.

OhridNews