Во ОУТУ „Ванчо Питошески” од Охрид во организација на „Институтот за бизнис економија” од Скопје, се одржа работилница на тема „Виртуелно претприемништво”, во која беа вклучени учениците од четврта година.
Целта на работилницата беше да се презентираат нови начини преку кои младите ќе можат да станат претприемачи и да ги реализираат бизнис идеите преку дигитализација на производи и услуги и користење на социјалните мрежи.
Модератор на обуката беше м-р Мартин Киселички, а работилницата се спроведе како дел од „Проектот за истражување на бизнис сосотојбите во Македонија”.
OhridNews













