Денеска на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид официјален почеток ќе има новата сезона во македонската атлетика. На програмата е митингот „Отворање на сезоната 2020“.

Најдобрите атлетичари од нашата земја ќе се натпреваруваат во 22 спортови. Почетокот е закажан во 11:30 часот.

Дел од првиот настан во новата сезона во „кралицата на спортовите“ ќе бидат атлетичарите од охридските клубови „Охрид“ и „Охрид трчаТ“, кои ќе се борат за што подобар резултат и пласман.

Атлетските возбудувања стартуваат во 11:30 часот.

OhridNews
Фото: Бојан Симјаноски