Во Охрид стартуваше премиерата на ракометниот камп „40х20“
20.06.22 11:30
Во Охрид викендот почна премиерното издание на ракометниот камп „40х20“. Покрај македонски, на кампот присуствуваа и ракометари од Шведска и Босна и Херцеговина.
Програмата направена според возраст и ракометно искуство е претходно подготвена и се спроведува во најдобар ред. Со највозрасните кампери работеа тренерите, Никола Матлиески и Кристијан Грчески, додека Благојче Весиќ и Дејан Коцарески веднаш потоа го одржаа првиот тренинг со генерација 2008/09. Тренерите од проектот „Ракомет за секое дете“, Златко Стојковски, Јаковче Матлиески, Ивана Ракиќ и Никола Василев ги одржаа премиерните тренинзи со најмалите групи на кампот.
Предвидено е од утре да стартуваат предавањата за здрав начин на живот и здрава исхрана, спортска психологија, гостувања на поранешните репрезентативци и тренери, Александар Јовиќ и Раде Стојановиќ, неколку актуелни репрезентативци, предвидено е да имаме ден на кајакот каде во текот на целиот ден нашите кампери ќе се запознаваат со тајните ка кајкарството, ќе уживаат во убавините на езерото. Вообичаена пракса за нашите кампери е по напорниот тренинг, да се оди на групно освежување во прекрасниот базен на плажата пред хотелот, под надзор на нашите тренери, изјави Горан Ѓоргоноски, менаџер на „КМГ Спрорт“, организаторот на ракометниот камп „40х20“.
Финалниот ден на „Трофеј Македонија“ во Охрид донесе одличен ракомет и возбудување до самиот крај Македонија ја изненади Хрватска, додека Црна Гора во драматичен финиш стигна до победа над Србија М...
Денеска во Охрид ќе се одржи првиот женски ракометен форум „Охрид 2026“ под мотото „One game One voice One future“ – Женски ракометни приказни за инспирација на новата генерација во организација на...
Денес и утре во Охрид ќе се одржи „Ohrid Outdoor Festival 2026“, дводневен спортско-рекреативен настан посветен на outdoor спортовите, активниот начин на живот, природата, авантурата и активностите...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.