Во недела во Охрид ќе се одржи трибина „Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“, чиј организатор е Центарот за култура и културолошки студии од Скопје.
На трибината ќе се обратат проф. д-р Лорета Георгиевска -Јаковлева, претседателка на ЦККС, проф. д-р Мишел Павловски, потпретседател на ЦККС и м-р Наташа Илиевска -Таневски, стручен соработник од ЦККС.
Центарот за култура и културулошки студии повеќе од осум месеци го реализира овој проект кој е поддржан од УСАИД. Истиот опфаќа истражување и анализа на поимот европски вредности во пет македонски печатени медиуми и има за цел добивање на јасна слика за начините на кои македонските медиуми зборуваат за европските вредности.
Инаку, настанот започнува во 11 часот во хотелот „Милениум палас“ и е од отворен карактер.
OhridNews