Во август годинава во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, покажуваат податоци од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Шест одобренија се издадени на физички лица, а 4 на правени субјекти. Планирана е градба на 94 нови станови, најмногу двособни и тробособни со корисна површина од 5 178 м2.
Во Струга во август издадени се 23 одобренија за градба од кои 19 на физички лица и 4 на правни субјекти. Планирана е изградна на станови со корисна површина од 4 016 м2.
Во Вевчани и Дебрца не е издадено ниту едно одобрение.
На ниво на држава, во август 2026 година се издадени 333 одобренија за градење, што е за 18.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 21 777 160 илјади денари, што е за 315.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 030 станови со вкупна корисна површина од 80 530 м2.
Н.С.Ј.
извор. ДЗС












