Во јули во Охрид се издадени 15 одобренија за градба, од кои 7 на физички лица и 8 на деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 46 станови во Охрид, со вкупна корисна површина од 2343 м2. Од нив предвидено е 4 станови да се еднособни, 28 двособни, 13 станови трособни и 1 петсобен.
Во истиот период во Струга се издадени 2 одобренија за градба на 2 деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 30 станови во Струга, со вкупна корисна површина од 2360 м2. Од нив предвидено е сите 30 станови да се трособни.
На ниво на држава, според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2021 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 57.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 952 602 илјади денари, што е за 97.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 284 (63.7 %) се наменети за објекти од високоградба, 50 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 112 (25.1 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 446 објекти, на 201 (45.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 245 (54.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 945 станови, со вкупна корисна површина од 153 184 м2.
OhridNews












