Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=7
Во Охрид времето денес променливо облачно и нестабилно. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата, велат од УХМР.
OhridNews












