Сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 21, додека максималните од 30 до 41 степен.  УВ=9

Во Охрид времето денес сончево и топло. Минималната температура до 17, а максималната до 35 степени.

И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движат од 30 до 41 степен, а УВ индексот ќе биде 9.

Под влијание на топол бран следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во недела попладне и кон крајот на денот ќе има зголемена облачност и услови за изолирана појава на нестабилност со засилен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

OhridNews