Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена, а попладне на места зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

За утре се очекува благо опаѓање на дневната температура поради засилениот североисточен ветер. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

OhridNews