Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер до 60 км/час од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Охрид времето ќе биде сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во наредниот период следува стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 км/час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст, велат од УХМР.

OhridNews