Со краток настап на учесниците, синоќа во Охрид беше отворен 5-от Хорски фестивал.


Охридскиот хорски фестивал на кој годинава  учествуваат42 хорови од 16 земји, има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Хорови ќе се претстават во склоп на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите.


Жири комисијата, која ќе ги избира победниците, ќе ја сочинуваат реномирани уметници од Словенија, Македонија, Полска, Бугарија и Хрватска.


Концертите на хоровите ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотелот Инекс Горица и црквата Св. Софија.

Влезот е слободен.

OhridNews
фото:ЕМИЛИО