Утрово во х. „Метроппол“ во Охрид започна вториот Глобален инвестициски самит за Македонија, на кој учествуваат топ менаџери ос светски познати компании.

 

На самитот ќе се говори за конкурентноста на македонската и економијата во регионот, клучниот фактор за економскиот развој, мапирање на конкурентноста во највисоко рангираните директни странски инвестиции, односно новите сектори и пазари како дел од глобално конкурентните македонски производи. 

Учесниците на самитот ги поздрави сновачот и претседател на The Zef group, Мајк Зафировски, кој се осврна на значењето на настанот за развојот на македонската економија. 

-Сакаме да создадеме посилна нација преку подобрувањето на економската клима и економската политика.-рече Зафировски.

Воведно обраќања имаше премиерот Никола Груевски, кој пред присутните ги изложи можностите за инвестирање во Македонија, која, како што рече е земја која нуди извонредно поволни услови за водење бизнис.

-Во ек на криза спроведуваме повеќе реформи во споредба со другите земји кои исто така работат на економска компетитивност. Македонија стана карактерситична во деловниот свет по тоа што има стабилна економија. Земјата е ориениотрана кон ЕУ и одамна ќе беше во НАТО и пред влезот во ЕУ доколку не беа пречките бидејќи таа одамна ги испони условите за членство. Во Македонија има добра бизнис клима, имаме најниски трошоци за правење бизнис во Европа, најповолен даночен пакет. Многу се инвестираше и во образование на младите, имаме високообразонана и квалитетна работна сила, низок надворешен долг, стабилна валута и воопшто стабилна макроекономска ситуација. Се отворија технолошки развојни индутсриски зони со поволности за инвеститорите како ослободување од данок на добивка 10 години, поради што многу компании од целиот свет дојдоа да инвестираат во Македонија.-истакна во говорот Груевски.

Глобалниот инвестициски самит во Охрид продолжува со панел дискусии на кои ќе дебатираат еминентни стручњаци како Филип Ван Хул, главен извршен директор на Van Hool, Белгија, Улрих Лубек, сениор потпретседател на Дрекселмајер груп, д-р Глигор Бишев, претседател на одборот на директори на Шпаркасе Банк Македонија, како и Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија. Од домашните компании ќе говорат Кочо Анѓушев,  главен извршен директор на Феро Инвест, Игор Илиевски, главен извршен директор на винаријта Тиквеш, Виктор Петков, генерален менаџер на Випро дооел и Феркан Бербери, сопственик на ресторанот Венето.

На учесниците на гала вечера ќе им се обрати и Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. 

OhridNews
фото:„Емилио