Претседателот на Република Македонија, Ѓорќе Иванов, претпладнево во х. „Климетица’ во Охјрид, ја отвори третата Школа за млади лидери, што се одржува на негова иницијатива.
Двонеделната школа ќе ја посетуваат 40-на млади луѓе на возраст меѓу 23 и 35 години, дипломирани студенти и професионалци , кои преку развој на своите лидерски вештини и капацитети, треба да придонесат за идниот развој на државата.
– Ни требаат лидери во секој сегмент, луѓе кои знаат да водат и предводат, ни требаат луѓе кои ќе знаат да ја менуваат нашата реалност, бидејќи поминавме еден период на транзиција, истакна во своето обраќање пред учесниците на школата, претседателот Иванов.
Еден од предавачите на Школата за млади лидери, на која учество ќе земат дипломати и познати меѓунардони експерти, е и Заменик државниот секретар на САД Фиулип Рикер, кој е дел од од овој проект од самиот почеток.
-Ова е мое трето учество во иницијативата на претседателот Иванов да се соберат младите лидери од целата земја кои имаат перспектива и општествен предизвик и кои гледаат напред во иднината каде Македонија може да ги искористи сите свои ресурси во регионален и глобален контекст. Ова е можност да поразговараме со младите лидери кои ќе играат важна улога во иднина во оваа земја но и во регионот, а САД секако сакаат да бидат партнери во тој процес и ги подржуваат евроатлантстките интеграции на целиот регион, рече Рикер.
На свеченото отворање на Школата, се обрати и Претседателот на Европската академија на науките и уметностите, Феликс Унгер, а свои предавања во декот на денесшниот ден ќе имаат и амбасадорот на САД, Пол Волерс и амбасадорот на Велика Британија, Кристофер Ивон, кои ќе зборуваат на теми поврзани со активното лидерство, како тоа да се спроведе во практика и како да се учи од етаблираните лидери.