Во Охрид денеска ќе биде отворен конгресот за рударство „Balkanmine 2013“.
На конгресот што ќе се одржува во х. „Метропол“, над 300 учесници, експерти од 14 земји ќе презентираат повеќе од 130 научни трудови, претставувајќи ги перспективите на рударството, како и примената на најновите технологии во оваа стопанска дејност која е клучен двигател на економијата во земјите од Балканот.
Во рамките на конгресот во хотелот „Белви“ ќе биде отворен и мал саем на компании од областа на рударството присутни на пазарот во Република Македонија и во поширокиот регион.
Главен покровител на „„Balkanmine 2013“ е АД „Електрани на Македонија“, а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери(ЗГРИМ) и Факултетот за природни и технички науки при универзитетот „Гоце Делчев.
OhridNews