Од денес до недела во Охрид започнува големата регионална конференција „Иднина на регионот“, на која ќе учествуваат „ротаријанците“ од Албанија, Бугарија, Северна Грција, Србија, Турција, Црна Гора, Косово и Македононија.

Целта на конференцијата на која ќе биде промовиран Сојузот на Ротари клубовите од Македонија во рамките на Ротари Интернационал, е испраќање порака за пријателство и мир од земјава, за економска соработка и грижа за младите генерации.

Официјален јазик на конференцијата ќе биде англискиот, а ќе биде обезбеден и симултан превод за време на работниот дел на конференцијата.

Инаку, преку дружењето на ротаријанците од цел свет, Сојузот на Ротари клубови во Македонија реши да организира регионална Ротари конференција на тема „Иднината на Регионот”.

OhridNews